6 јули 2017 Скопје – Министерот за финансии д-р Драган Тевдовски и заменик-министерката за финансии д-р Ширет Елези денеска остварија средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Неговата екселенција г. Чарлс Гарет.
На средбата беше истакната поддршката за реформските процеси и приоритети на новата влада во областа на јавните финансии.
Од страна на амбасадорот беше посочено дека Велика Британија е пријател на Македонија и дека ја поддржува во интеграциските и реформските процеси.