15 февруари 2017, Скопје – Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, заедно со неговиот економски тим оствари средба со делегација од Европската банка за обнова и развој, предводена од Шарлот Руе, директор на ЕБОР за Југоисточна Европа.

На средбата беше изразена благодарност до ЕБОР за поддршката која ја дава на Република Македонија.

Двете страни разговараа за идната стратегијата за парнерство каде ќе влезат приоритетните полиња и проекти кои ЕБОР ќе ги поддржи во областа на енергетиката, инфраструктурата, како и во делот на соработката на банката со приватниот сектор.

Во рамки на досегашната соработка, ЕБОР има одобрено 109 проекти во РМ во вкупен износ од 1,6 милијарди евра, од кои 87 проценти се наменети за проекти во јавниот сектор, а останатите за проекти во приватниот сектор. Активното портфолио во моментов изнесува 703 милиони евра и околу 78 проценти од средствата се пласирани во инфраструктурниот сектор, 13 проценти во секторот за енергетикса, 7 во финансискиот сектор и останатите во индустрија, трговија и агробизнис.

Comments are closed.