Прилеп, 16 септември 2015 (МИА) – Во ноември ќе почне изградбата на патот Дреново-Плетвар, инвестиција од 42 милиона евра, најави денес потпретседателот на владата и министер за финансии Зоран Ставрески при престојот во Прилеп.

– За околу два месеца, во ноември ќе почне изградбата на патот Дреново-Плетвар, онаа најлоша делница што е околу клисурата. Ќе биде изграден пат со по две ленти во двете насоки, инвестиција од 42 милиона евра што ја поддржува Европската банка за обнова и развој. Верувам дека тоа ќе помогне, во голем дел, да се подобрат условите за прилепските стопанственици, но и за граѓаните кои секојдневно го користат тој пат, рече Ставрески.
 
Министерот за финансии нагласи дека владата останува посветена на поддршката на Прилеп. Не само со овој проект, туку и со други проекти, меѓу кои е и пречистителната станица.

Comments are closed.