Заклучно со вчера државата ги има исплатено сите доспеани долгови по основ на фактури, а заклучно со 15-ти октомври е извршен поврат на сите средства по основ на поврат на ДДВ, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на прес-конференцијата одржана по средбата со Сојузот на стопански комори на Македонија.
 
Неговото тврдење го поддржа и претседателот на ССК Златко Калеников кој рече дека и нивните анкети направени за интерна употреба покажуваат дека државата ги намирила сите барања по основ на фактури и поврат на ДДВ што биле доставени до Министерството за финансии.
 
Калеников посочи дека е можно околу 20 отсто од барањата да се останати во разни министерства, но повторно нагласи дека се што стигнало како барање до Министерството за финансии е веќе исплатено.
 
Одговарајќи на новинарско прашање, вицепремиерот Ставрески истакна дека заклучно со вчера државата намирила во маса на пари околу сто милијарди денари по основ на поврат на ДДВ и на доспеани фактури за фирмите во Македонија.(МИА)