Скопје, 27 декември 2013 (МИА) – Банките треба поинтензивно да учествуваат во растот на економијата и да нудат повеќе кредити за стопанството, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

– Со оглед на тоа дека резултатите на македонската економија оваа година се добри, меѓу најдобрите во Европа, ризикот за банките е намален и очекувам и во 2014 година да продолжат со поинтензивна кредитна поддршка на стопанството, рече вицепремиерот Ставрески во одговор на новинарско прашање по пуштањето на реконструираниот граничен премин Блаце.

Тој посочи дека е добро што во претходниот месец има мало заживување на кредитниот раст.

– Околу 5 проценти е меѓугодишната стапка на кредитен раст што покажува дека постепеното заздравувањето на економијата го поддржува и приватниот сектор, односно инвестициите во приватниот сектор за кои се потребни банкарски кредити. Ние го помагаме тој процес и со новите 100 милиони евра од Европската банка кои со 5,5 проценти камата преку банките можат да завршат во малите и средни претпријатија, рече Ставрески.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.