Mеѓу 10 и 20 милиони евра за една година се очекува да влезат во Буџетот на Република Македонија од регистрација на увезени возила што веќе се возат во земјата и од оние што допрва ќе бидат увезени. Точна проекција засега не може да се направи, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески кој заедно со директорот на Царинската управа Ванчо Каргов беа во посета на Царинското складиште „Дени интернационал“.

&nbsp

Од денеска стапуват на сила пониските акцизи и царини за увезените нови и употребувани возила во Република Македонија.

&nbsp

Ставрески рече дека царинските работници се подготвени ефикасно да ја спроведат постапката за царинење на увезени возила, чиј број се очекува да се зголеми во наредните две – три недели.

&nbsp

Вицепремиерот и министер за финансии најави дека со директорот на царината се договориле да се воведат дополнителни смени за викендите, изразувајќи задоволство што со намалувањето на акцизите и царината за увоз на возила, Владата ќе помогне голем број граѓани на еден прифатлив начин да си обезбедат возила.

&nbsp

– Апелирам до сите кои имаат возила со стански регистерски таблички да ја искористат можноста во периодот од шест месеци да ги легализираат, односно да ги регистрираат на свое име, да си ги платат давачките и да можат да си ги возат возилата како и сите други граѓани, рече вицепремиерот.

&nbsp

Вицепремиерот и министер за финансии, Ставрески на прашањето колкав е долгот на државата кон стопанството, истакна дека буџетските корисници имаат средства во своите буџети и секој може да види колкав е нивниот долг, нема збирна цифра.

&nbsp

– Долгот што државата го има кон стопанството не е клучниот проблем за неликвидноста на македонското стопанство. Неликвидноста повеќе е резултат на „испунпувањето“ на средства во централната банка каде што има голем износ на запишани записи односно, повлечени сртедства на месечна основа. Износот е над 100 милиони евра и тој е многу поголемиот проблем на неликвидноста на македонските компании, рече Ставрески.

&nbsp

Прашан за тоа колкави се проценките за штетата од штрајкот во Грција и колку трпат нашите компании, директорот на царината Каргов рече дека разговарале на советодавното тело и деновиве очекуваат од стопанските комори да достават свои сознанија какви штети трпат стопанствениците.(МИА)

Comments are closed.