4 јуни 20119, Охрид – Законот за платежни услуги и платни системи, кој Министерството за финансии го изработува со Народната банка и е во работна верзија, ќе овозможи либерализација на пазарот на платежни услуги и влез на небанкарски институции, како платежни институции и институции за електронски пари. Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на Конференцијата за плаќања и пазарна инфраструктура, во организација на Народната банка.
-Законот за платежни услуги и платни системи ќе биде првиот чекор кон менување на платежниот пејзаж. Бизнис зедницата, особено ФинТек компаниите се оние кои треба да воведат нови, иновативни начини на плаќање – лесно достапни и со помали трошоци. Со либерализација на пазарот ќе се зголеми и конкуренцијата со што ќе се стимулираат банките и другите финансиски институции да бидат поактивни во примената на технолошките иновации во финансискиот сектор-рече Тевдовски.
Министерот за финансии посочи дека заради привлекување на компаниите, пред се оние од ИКТ индустријата, предвидено е платежните институции кои ќе бидат ангажирани со ограничен вид и обем на активности, да се основаат со капитал од 1,3 милиони денари, наместо со 7,8 милиони денари, како што е досега.
Тевдовски рече и дека законот за платежни услуги ја отвора и вратата за финансиска инклузија, односно со него се воведува платежна сметка со основни функции. Таа за ранливите категории ќе биде бесплатна, а за останатите потрошувачи со разумни трошоци.