8 јули 2018, Скопје – Учесниците на Фин Хакатон без престан, веќе 42 часа, работат во Министерството за финансии на развивање на веб апликација, видео и мултимедијална игра за Граѓанскиот буџет. Минатата вечер натпреварувачите ја минаа во подготовки на презентациите, кои денес ќе ги претстават пред жири комисијата. Денес е финалето на Фин Хакатонот и ќе се прогласат победниците кои ќе добијат 1,5 милиони денари и можност да започнат сопствен бизнис.
Фин Хакатонот е во организција на Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој. Како што беше истакнато на отворањето на настанот, целта е да им се даде можност на младите луѓе да развијат идеи и производи, кои ќе им помогнат во нивната професионална афирмација, но и ќе послужат на целата македонска јавност. Министерството за финансии е решенo да оди чекор понатаму во транспарентноста во јавните финансии, така што формата на Граѓанскиот буџет ќе биде креирана од самите граѓани. На тој начин тој ќе стане попристапен и поразбирлив за сите.