IMG_8190

Гордана Димитриеска-Кочоска

Министер

Гордана Димитриеска-Кочоска е магистер по економски науки. Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2006 година како студент на генерација по предметот  Макроекономија. Магистрирала од областа на финансискиот менаџмент на тема „Финансиското известување и паричниот тек како менаџерски алатки во процесот на одлучување“ на Економскиот институт – Скопје при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“.  

Димитриеска-Кочоска го надградува своето образование со голем број специјализации од областа на финансиите и контролингот и поседува голем број сертификати. Меѓу нив е Едногодишната контролинг академија сопроведена од Менаџмент центар Белград, лиценцирана од CA AKADEMIE AG, Минхен, Едногодишна програма за сертифициран сметководен аналитичар спроведена од АБИТ Академија Скопје. Посетува и обуки и семинари:  „Kaizen foundation“ организиран од Менаџмент центар на Белград, „Развој и зголемување на професионалната и личната компетентност на менаџерите од потенцијал до талент“ во Хрватска организација за психологија, CAPEX анализа организиран од Менаџмент центар Белград, „Cash flow analyses“ организирано од Менаџмент центар на Белград, „Анализа на финансиски извештаи“ организиран од Менаџмент центар на Белград. Активно учествува и на конгреси.

Има богата кариера во областа на финансискиот консталтинг и корпоративното банкарство. Во 2006 година е ангажирана во Македонски телеком во Одделението за даноци, во 2006-2007 година е дел од Кабинетот на министерот во Министерството за финансии, Одделение за јавен долг,  од 2007  до 2014 е во Секторот за корпоративно банкарство во Стопанска банка, од 2014 до 2017 е член на УО и директор за финансии во АД Електрани на Македонија, од 2018 до 2020 година е финансиски консултатнт од областа на контролинг, финансии и даноци во КФК ДООЕЛ и од 2020 до 2024 година исто така финансиски консултант од областа на контролинг, финансии и даноци во КФК ДООЕЛ.

Во 2020 година Димириеска-Кочоска ја извршува функцијата дополнителен заменик-министер за финансии во Техничката Влада  на Република Македонија.

Димитриеска-Кочоска покрај македонскиот мајчин јазик, говори и англиски и шпански. Омажена е и мајка на две деца.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.