Скопје,10 септември 2015 (МИА) – Буџетот е во одлична кондиција, буџеските приходи се повисоки за 13,5 проценти во однос на 2014 година, а добрата буџетска ликвидност овозможува навремено и редовно извршување на сите буџетски обврски.
Ова го изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој додаде дека даночните приходи за осумте месеци од годинава се повисоки за над 14 проценти, односно за 12,800 милијади денари во однос на 2014 година.
Според министерот, ваквата буџетска ликвидност овозможува редовно да се вршат плаќањата кон сите домашни фирми за јавните набавки што се вршат, плаќањата во однос на градежните активности, инвестициите и се друго што овозможува развој на домашната индустрија и ангажман на домашните фирми.
– Очекувам таквите состојби да подолжат и во следниот период, односно да ја завршиме добро оваа година од буџетски аспект и да продолжиме во 2016 година со развојно скроен буџет да ја подржуваме македонската економија, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.