Скопје, 20 март 2016 (МИА) – Двајца граѓани, од кои едниот од скопската општина Кисела Вода и другиот од Свети Николе се првите корисници на бенефитите од проектот „Купи куќа за млади, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на отчетот за сработеното во изминатите 10 години.
Тој додаде дека со цел граѓаните да бидат информирани за овој проект, организиран е караван низ државата, кој досега има посетено 17 општини.
Ставрески нагласи дека одлични резултати дава и проектот „Купи куќа, купи стан“, чии бенефити во последните две години ги искористиле 600 граѓани и одобрени се станбени кредити во висина од 21 милион евра.
– Вкупно во овие три и пол години откако се реализира проектот, 820 граѓани го решија своето станбено прашање и одобрени се 28 милиони евра станбени кредити, истакна Ставрески, додавајќи дека бенефит од проектот е и тоа што се намалени каматните стапки и цената на станбениот кредит.