БЛАГОДАРНОСТ ДО ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТРАНИ ЗА КОМЕНТАРИТЕ ЗА НАЦРТ ПРОГРАМАТА ЗА ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ ЗА 2017 ГОДИНА

Ви благодариме за учество во консултациите за нацрт Програмата на економски реформи за 2017 година (ПЕР 2017) кои се спроведоа во период од 27 декември 2016 година до 10 јануари 2017 година. Исто така ви благодариме за учеството на консултативниот состанок кој се одржа на 4 јануари 2017 година.

Со оглед на важноста на овој документ и потребата тој да биде квалитетно изработен, им благодариме на претставниците од бизнис заедницата, универзитетите, локалните власти, социјалните партнери, граѓанскиот сектор и другите заинтересирани страни за активниот придонес во процесот на изработката на документот.

Со подготовка на ПЕР, Владата на Република Македонија од 2014 година се приклучи кон пристапот на Европската комисија за поддршка на долгорочен раст и конкурентност преку економското управување како клучен столб во процесот на проширување, со цел да се обезбеди подобро известување за националните планови за економски политики, вклучително и потребните структурни реформи.

ПЕР 2017 е подготвена преку веќе воспоставениот национален процес на консултации централно координиран од страна на Министерството за финансии. Изработката на документот е согласно „Водичот за програми за економски реформи“ издаден од Европската комисија во мај 2016 година. Во изработката е користена експертска поддршка од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.