Скопје, 29 септември 2012 (МИА) – Доделени првите уверенија за вршење сметководствени работи во Македонија, кои значат воспоставување ред во професијата и добивање потврда на сметководителите за нивната стручност и компетентноста во вршењето на својата професија.

 

Издавањето уверенија е пропишано со новиот Закон за вршење смеководствени работи, донесен во јули годинава како една од мерките на Владатам, а со кои, како што рече на доделувањето на уверенијата вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, се излезе во пресрет на барањата на приватниот сектор.

 

– Законот пополни правен вакуум во облaста која е значајна за стабилен развој на приватниот сектор, привелкување и раст на инвестициите, а со тоа и на целокупната економија. До донесувањето на Законот речиси секој во државата можеше да биде сметководител, што придонесуваше за девалвација на професијата сметководител и појава на нелојална конкуренција на пазарот, истакна Ставрески и додаде дека со Законот се поставија критериуми за тоа кој може да врши сметководствени работи, се воведе задолжителна континуирана едукација на сметководителите, се воспоставуваат регистри на сметководители и се воведува контрола над работењето на сметководителите и друштвото за вршење сметководствени работи, а сето тоа ќе го спречи нестручното и необјективно вршење на сметководствените работи.

 

Истакнувајќи дека сметководството е значајна професија за воспсотавувањето здрава бизнис клима, министерот потенцира дека само на овој начин таа ќе се издигне на нивото што го заслужува и ќе му помогне на стопанството да има точна слика за состојбите во секоја фирма, а на Владата и оние што ја креираат економската политика да направат добра анализа на состојбите во економијата и да може да предложи мерки за подобрување.

 

Сметководителите го оценија го поздравуваат донесувањето на Законот и го оценуваат како позитивен кој ќе воведе ред во професијата.

 

– Со донесување на овој закон конечно се уредува оваа професија која претставува важна алка во целиот стопански систем. Се овозможува натамошно уредување, едуцирање, развој на струката. Се регулира прашањето на сметководителите, неговиот статус, местото и улогата во општеството, рече Митре Стојановски претставник од Сојузот на сметководители на Македонија.

 

Цена Стефковска од Битола, која доби трајно уверение за овластен смеководител, посочи дека Законот го очекувале долги години и оти тој ќе придонесе да се подобрат состојбите во вршењето на оваа професија.

 

Од донесување на Законот до Минситерството за финансии се поднесени 470 барања за издавање уверенија. Досега се завршени 259 уверенија, а уште 211 се во фаза на обработка. Привремените уверенија се со важност од две години. Крајниот рок за поднесување барања е 3 февруари 2013 година.Се проценува дека во Македонија има над 6.000 сметководители.

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.