Државниот девизен инспекторат е орган во состав на Министерството за финансии, со својство на правно лице.

Контакт
ул. Даме Груев бр.14, 1000 Скопје,
Република Скопје Македонија
телефон: 02/3161-425, факс: 02/3161-425

Државниот девизен инспекторат, организациски е поделен на две одделенија.

[collapsed]

Одделение за инспекциски надзор и аналитика

Ова одделение ги врши работите кои се однесуваат на:

  • вршење инспекциски надзор на девизното работење над резидентите кои не
  • се банки, штедилници и менувачници со дозвола за работа, како и на
  • нерезиденти;
  • следење и проучување на законските и подзаконските прописи од областа на девизното и надворешно-трговското работење;
  • преземање мерки за отстранување на утврдените неправилности и незаконитости;
  • изготвување на информации, анализи и извештаи за утврдените неправилности и незаконитости;
  • предлагање на измена и дополна на законски или подзаконски акти и учество во нивното изготвување;
  • донесување предлог планови и извештаи за работа на Државниот девизен инспекторат;
  • остварување соработка со други надлежни органи;
  • предлагање и преземање мерки за содејство со други органи;
  • изготвување решенија во управна постапка и заклучоци за нивно извршување;
  • произнесување по жалбите по решенијата донесени во управна постапка до второстепениот орган;
  • аналитичко следење и проучување на појавите, неправилностите и незаконитостите утврдени со инспектирањето;
  • изготвување на анализи, информации и извештаи од аналитичката обработка на инспекциските наоди;
  • изработување на упатства и инструкции за спроведување на единствена примена на прописите од областа на девизното и надворешно трговското работење;
  • водење деловодник на Инспекторатот;
  • архивирање на сите предмети изготвени во Инспекторатот според планот на архивските знаци и листите на категории за чување на архивската граѓа како и попис на на архивската граѓа според важечките законски и подзаконски акти.
[/collapsed] [collapsed]

Одделение за правни работи и девизни прекршоци

Ова одделението ги врши работите што се однесуваат на:

  • следење и проучување на законските и подзаконските акти кои
  • се однесуваат на девизното и надворешно трговското работење;
  • изготвување на решенија во управна постапка и заклучоци за нивното извршување, како и преземање на други законски мерки во управната постапка;
  • изготвување на барања за поведување на прекршочна постапка по сите прекршоци од областа на девизното и надворешно трговско работење за кој со закон е овластен Инспекторатот; поднесување на пријави за кривични дела и преземање на законски мерки во кривичната постапка;
  • изработување на упатства и инструкции за спроведување на единствена примена на прописите од областа на девизното и надворешно трговско работење;
  • водење прекршочна постапка по сите прекршоци од областа на девизното и надворешно трговското работење предвидени со закон;
  • изготвување на сите одлуки и решенија за изрекување на прекршочни санкции како и за нивно извршување во текот на извршната постапка;
  • водење на Уписник за предметите за девизни прекршови изготвени од комисијата за прекршоци на Инспекторатот;
  • водење посебна евиденција за правните лица и одговорните лица во правните лица на кои им е изречена управна или прекршочна санкција (одделно писмена и електронска евиденција);
  • водење евиденција на извршување на претходно донесените решенија во управна и прекршочна постапка. финансиско работење за наплата на изречените прекршочни санкции од девизните прекршоци на правните лица и одговорните лица во правните лица;
  • преземање на потребните законски мерки за нивно наплатување;
  • вршење на симултано и пишано преведување од Македонски на Албански и од Албански на Македонски јазик;
  • преведување на писма и други поднесоци примени од странки – припадници на албанската заедница во Република Македонија за работи од делокругот на Инспекторатот.

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.