14 август 2019, Скопје – Заменик-министерката за финансии Ширет Елези присуствуваше на работилницата за креирање индекс на развиеност на општините, организирана во рамки на проектот „Градење капацитети во општините за имплементација на проекти“. Работилницата беше организирана од страна на УНДП и Шведската агенција за меѓународна соработка за развој.

На настанот беше истакнато дека од страна на Министерството за локална самоуправа за регионален развој се прават стратешки документи за наредните десет години.

Министерството за финансии, пак, преку проекти, но и издвојување буџетски средства, исто така го поддржува регионалниот развој, како и подобрувањето на општинските услуги. Така на пример, преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, кој Министерството за финансии го спроведува со поддршка од Светска банка и Европската унија, се инвестира во капитални проекти кои го подобруваат животот на граѓаните во сите општини.

Годинава, исто така, Владата за 100 отсто ги зголеми средствата за инвестирање во регионален и рурален развој.

Во насока на транспарентност на менаџирањето со општинските средства, преку воведување фискално правило за општините, како и евиденција на преземените обврски ќе се влијае на спречување на напластување неплатени обврски од страна на општините како во минатото.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.