Скопје, 15 февруари 2014 (МИА) – Министерството за финансии заклучно со вчера исплати 1,2 милијарда денари субвенции за произведен и продаден тутун од реколтата 2013 година на над 27 илјади земјоделци.

Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 60 денари од килограм произведен и продаден тутун.

Исплатени се субвенции на тутунарите кои предале тутун во десетте регистрирани откупни претпријатија како „Алајанс уан“, „Сокотаб Битола“, „Струмица Табак“, „Тутунски комбинат Прилеп“, „Центро тобако“, „Далија табак“, „Орбита табак“, „Пашоски“, „Томи-Мит Јака Тобако„ и „Кавекс Балкан“.

Како што соопшти Министерството за финансии, Владата на Република Македонија со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.