21 август 2017, Скопје – Министерството за финансии денеска го објави Предизборниот финансиски извештај, во кој детално се прикажани сите приходи и расходи од Буџетот на Република Македонија по ставки, за периодот од 1 јануари 2017 година до 18 август 2017 година, односно заклучно две недели од датумот на распишување на изборите.
Согласно Изборниот законик (Службен весник на Р. Македонија, бр. 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155,2008, 163/2008, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16) член 8-а, став 4, Министерството за финансии во рок од две недели од распишување на изборите има обврска да го објави Предизборниот финансиски извештај. Министерството го достави Извештајот и до Државната изборна комисија.
Предизборниот извештај можете да го преземете на следните линкови:
Предизборен финансиски извештај
Предизборен финансиски извештај