24 октомври 2017, Скопје – Министерството за финансии започна реформски процес со кој ќе се унапреди управувањето со ликвидноста. Ова е во рамки на залагањата на Министерството за поквалитетно управување со јавните финансии.

Меѓународниот монетарен фонд даде поддршка на овие активности преку консултации и мисија на Фондот во земјата, која треба да даде предлози за зајакнување на капацитетите.

Тимот на Министерството за финансии предводен од министерот Драган Тевдовски и мисијата на Фондот денеска одржаа завршен состанок на кој се зборуваше за актуелната состојба за менаџирање и планирање на ликвидноста, преземените активности за подобрување на системот, предизвиците и приоритетните реформи.     

Во текот на мисијата, Фондот имаше состаноци и со заменик-министерката за финансии Ширет Елези, како и со претставници на секторите Трезор и Меѓународни финансиски односи, соработка со ЕУ и управување со јавен долг.

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.