9 јуни 2018, Сплит – Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народна банка на РМ Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на средбите Конституенца на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои се одржуваат во Сплит, Хрватска.
На Конституенцата ќе се обратат заменик-претседателот на Групацијата на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер, како и извршните директори на ММФ и Светска банка, Антони Де Ланој и Френк Хемскирк.
На маргините на Конституенцата, министерот за финансии Тевдовски ќе оствари средба со министерот за финансии на Холандија Вопка Укстра.
Холандија претседава со Конституенцата во која е Македонија. Во неа членуваат и Хрватска, Украина, Израел, Романија, Бугарија, Луксембург, Кипар, Босна и Херцеговина, Молдавија, Ерменија и Црна Гора. На годишните состаноци на конституенците учествуваат министри и гувернери на банки, со цел да ја зајакнат меѓусебната соработка и да разменат мислења на актуелни теми.