Скопје, 12 август 2013 (МИА) – Влез на нови странски инвестиции, две турски, една американска и неколку од регионот, најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. – Со пет компании сме во финална фаза, односно пред потпишување договор за инвестирање, рече вицепремиерот во синоќешното интервју за МТВ.

Ставрески информира дека Бунарџик и Кочани се само некои од локациите на потенцијалните вложувачи. Двете турски компании се од медицинската област и ќе инвестираат во свои погони во Бунарџик, додека американската компанија како локација за инвестирање го избрала Кочани.

Потенцијални инвеститори, освен за Бунарџик, има и за другите технолошко индустриски зони низ Македонија. Според Ставрески, во наредниот период ќе има странски инвестиции и во Охрид, Струга, Тетово и Кичево. Тоа, оцени, е добра вест, бидејќи носи нови вработувања и подобар стандард за граѓаните.

Според податоците на Народната банка, во првите пет месеци од годинава салдото на странски директни инвестиции во Македонија е 105,4 милиони евра.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.