Вашингтон, 24 април (МИА) – Владина делегација предводена од вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за финансии Трајко Славески ќе учествува на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, што почнуваат денеска во Вашингтон.

&nbsp

За време на тридневниот состанок, вицепремиерот Ставрески и министерот Славески во Вашингтон ќе се сретнат со потпретседателот на Светска банка задолжен за Европа и Централна Азија Шигео Катсу, заменикот-директор на ММФ Такатоши Като, извршниот директор во Светска банка Руд Треферс, извршниот директор на ММФ Ејџ Бакер, со шефот на мисијата на ММФ за Македонија Вес Мек Гру, како и со регионалниот директор во Светската банка Џејн Армитиџ.

 

Македонската делегација ќе учествува и на редовниот состанок на Холандската конституенца на Светската банка и ММФ, група во која припаѓа Република Македонија.

 

Тема на Пролетните средби на ММФ и Светска банка се проценките за импликациите од глобалната криза и улогата на меѓународните финансиски институции.

 

###

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.