31 јануари 2018, Скопје – Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државен и јавен долг заклучно со декември 2017 година.
На крајот од 2017 година државниот долг изнесува 38,7% од Бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 46,7% од БДП. Споредено со крајот на 2016 година, државниот долг е понизок за 1 процентен поен додека јавниот долг е понизок за 1,7 процентни поени, што претставува прво годишно намалување на државниот и јавниот долг од 2009 година. Во однос на третиот квартал на 2017 година, се забележува зголемување кај државниот долг за 0,8 процентни поени и кај јавниот долг за 0,9 процентни поени.
Податоците можете да ги најдете на следниот линк.