1 септември 2017, Скопје – За првпат во Република Македонија се изработува сеопфатна и конзистентна Програма за реформа на управувањето со јавните финансии. Изработката на Програмата 2018-2021 е еден чекор понатаму во подобрување на управувањето со јавните финансии, што е еден од најзначајните приоритети на Владата, а воедно и услов за пристапување на земјата кон Европската унија.

Оваа Програма е подготвена врз основа на интензивна соработка на релевантните национални институции, со поддршка од Делегацијата на ЕУ и експертска помош од СИГМА, при што земени се предвид препораките од извештаите за оценка на состојбите во областа на управувањето со јавни финансии: PEFA, WB PFM Review, SIGMA Baseline Assessment.

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 година е структурирана со цел да ги одрази клучните слабости и предизвици во областа на управување со јавни финансии, да го ​​зајакне системот на јавни финансии и да ја подобри ефикасноста и ефективноста на јавните трошења.

Имајќи го предвид значењето на Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 и потребата од нејзина квалитетна подготовка, се спроведува јавна консултација со широка вклученост на засегнатите релевантни страни (донатори, бизнис заедница, универзитетите, локалните власти, граѓанското општество и сите други чинители за активен придонес во процесот на подготовка на документот).

Вашите коментари и предлози за натамошно подобрување на нацрт-документот се добредојдени и истите може да ги доставите најдоцна до 18 септември 2017 година, на следните е-маил адреси: Viktor.Mitevski@finance.gov.mk, Suzana.Stoimceva@finance.gov.mk, Tatjana.Kalinovcic@finance.gov.mk.

Нацрт-програмата можете да ја преземете тука:

 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.