Документот Програмата за економски реформи 2025 – 2027 може да го преземете на следната врска.

Како поддршка за подобрување на економското управување Европската Унија (ЕУ) во Стратегијата за проширување од октомври 2013 година воведе нов пристап наречен Поедноставен европски семестар, при што земјите од Западен Балкан и Турција од октомври 2014 година се поканети од Европската Комисија (ЕК) да ги подобрат економските политики и да го зајакнат економското управување, преку подготовка на програми на економски реформи – ПЕР.

Република Северна Македонија учествува во тој процес со кој се врши претпристапното усогласување на економските политики со Европската Унија и секоја година подготвува ПЕР која содржи макроекономски и фискални политики и индикатори. Оваа година, Водичот на ЕУ за подготовка на Програмата на економски реформи за периодот 2025 – 2027 е во насока земјите од Западен Балкан да не го подготвуваат поглавјето во ПЕР и соодветните анекси коишто се однесуваат на структурните реформи, со оглед на тоа што земјите од Западен Балкан изготвија посебен документ – Реформска агенда (РА) за периодот 2024–2027 година, со конкретни чекори за спроведување реформи, а во рамки на соодветниот Механизам на ЕУ за реформи и раст. Согласно Водичот за ПЕР 2025 – 2027 година, земјите од Западен Балкан во поглавјето 5А од Програмата треба да дадат краток осврт на избрани реформи од РА во поглед на нивното влијание врз економијата.

Имајќи го предвид новиот Водич на ЕУ, Програмата на економски реформи за периодот 2025-2027 година дава преглед на среднорочната макроекономска и фискална рамка и монетарна политика, преглед на степенот на спроведени Заеднички заклучоци со препораки за фискалната и монетарната политика од одржаниот Економски и финансиски дијалог со ЕУ во мај 2024 година, како и на потенцијалното влијание на избрани реформски мерки од Реформската агенда врз економијата.

Подготовката на ПЕР на ниво на Влада е координирана од страна на Министерството за финансии, а се доставува до ЕК по нејзино усвојување од страна на Владата на Република Северна Македонија, најдоцна до 15 јануари.

По доставување на ПЕР до ЕК, истата се оценува преку оценски мисии во земјата од страна на ЕК, Европската Централна Банка и Еуростат. Потоа започнува дијалог во рамките на Советот на ЕУ. Прво се одвива дискусија на техничко ниво во рамки на помошните тела на Советот како подготовка за дијалог во рамки на Советот на ЕУ претставен од таканареченото „трио“, односно тековното и двете последователни претседателства, со министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите – кандидати за членство од Западен Балкан и Турција. Процесот завршува со донесување заеднички заклучоци врз основа на оценката на ПЕР и се даваат препораки за подобрување на макроекономската политика на земјата, управувањето со јавните финансии и квалитетот на структурните реформи (т.н. “Policy guidance” – „Насоки за политиките“). Земјите кандидати при подготовка на наредната ПЕР се должни да известат за степенот на спроведување на препораките во минатата година, а во насока на исполнување на економските критериуми за пристап во ЕУ – постоење на функционална пазарна економија и способност за справување со конкурентскиот притисок и пазарните сили во Унијата.

Текстот на Програмата на економски реформи 2025-2027 година беше прифатен од страна на Владата на 14 јануари 2025 година и е официјално поднесена до Европската Комисија на 15 јануари 2025 година.

Самата подготовка на ПЕР како кохерентен стратешки документ и нејзиното навремено доставување до ЕК, претставува потврда за капацитетот на администрацијата на земјата, од аспект на координација на економските политики и ефикасност во работата. ПЕР е заеднички резултат на повеќе институции, а целокупната подготовка се координира од страна на Министерството за финансии.

ПЕР е комплексен документ кој се изработува согласно Водичот на Европската комисија за подготовка на ПЕР од јули 2024 година. Изборот на мерки од Реформската агенда на земјата се направи согласно алатка за бодување и избор на мерки за проценка на потенцијално економско влијанието во ПЕР, развиена од страна на експерти на ЦЕФ Љубљана, во рамки на ЕУ Регионален проект „Подобро интегрирани структурни реформи во фискалните рамки“, а кои реформи имаат најголем потенцијал за национален развој, економски раст и силна изводливост за имплементација. При подготовка на ПЕР 2025-2027 земени се предвид следните документи:

Повеќе информации за Европскиот семестар и Економско управување од аспект на исполнување на Копенхагенските критериуми има на следниве веб страници:

https://ec.europa.eu/info/business-economy-euro/economic-and-fiscal-policy-coordination/eu-economic-governance-monitoring-prevention-correction/european-semester_en 

и

https://neighbourhood-enlargement.ec.europa.eu/enlargement-policy/enhanced-eu-engagement-western-balkans_en

На страната на Министерството за финансии може да ги преземете сите досегашни програми на економски реформи и претпристапни економски програми.

Comments are closed.