Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е мултилатерална развојна банка со социјална вокација (www.coebank.org). Основана во 1956 година, со седиште во Париз, од страна на 8 земји членки на Советот на Европа, ЦЕБ е најстарата мултилатерална финансиска институција во Европа. Денес, нејзиното членство брои 41 земја-членка, меѓу кои и Република Северна Македонија.
Раководни органи во ЦЕБ се: Управниот одбор, Административниот совет, Гувернерот и Ревизорскиот одбор.
Република Северна Македонија стана земја член на ЦЕБ во 1997 година и на тој начин се стекна со правото да се задолжува кај оваа финансиска институција. Дополнително, Република Северна Македонија има назначено претставник во Административниот совет, како и во Управниот одбор на Банката, тела кои активно учествуваат во процесот на донесување одлуки.
ЦЕБ претставува израз на финансиска солидарност меѓу европските земји. Анализата на преземените активности во текот на последните години, посочува четири главни сектори во кои дејствува Банката:
- зајакнување на социјалната интеграција;
- управување со животната средина;
- поддршка на јавната инфраструктура со социјална вокација;
- поддршка на микро, мали и средни претпријатија (МСП).
Тековни проекти финансирани од Банката за развој при Советот на Европа