Скопје, 29 октомври 2013 (МИА) – Владата е задоволна од најновото рангирање на Македонија меѓу 10 топ реформатори во светот во извештајот Дуинг Бизнис на Светска банка. Смета дека извештајот е објективен и покажува дека вкупниот амбиент во Република Македонија за бизнис е на високо ниво.
– По 4. пат од седумгодишното работење на оваа Владата Република Македонија е на листата на топ 10 реформатори во светот, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција.
Во најновиот извештај Република Македонија се наоѓа на 5-то место од вкупно 50 кои до денес најмногу го намалиле растојанието до најдориот остварен резултат, преку реализирање на вкупно 31 реформа.
Тој додаде дека Република Македонија е во групата на 5 земји кои спровеле најмногу реформи и значитело го подобриле својот ранг во изминатиот период.
– Република Македонија е најдобра во регинот на Југоисточна Европа. Подобро сме рангирани од сите соседни земји, како и од 19-те земји членки на ЕУ. Подобри сме од Словенија, Холандија, Австрија, Белгрија, Грција, Бугарија, истакна ерот Ставрески.
Светска банка нотира напредок во шест области по преземени реформи и тоа добивање градежни дозволи, регистрирање имот, пристап до кредит, заштита на инвеститори, плаќање даноци и пристап за електрична енергија.
Области во кои има забелешки и каде треба да се преземаат дополнителни мерки се индикаторите започнување бизнис, плаќање даноци и услови за прекугранично тргување.