Секторот трезор е задолжен да управува со Трезорската сметка и со други сметки на државата, а врши и други работи утврдени со закон, од кои позначајни се:
- водење регистар на буџетските корисници;
- отворање сметки во рамки на трезорската сметка;
- изготвување проекции за ликвидност на трезорската сметка;
- прием, обработка и евидентирање на барањата на корисниците за денарски и девизни плаќањa;
- следење на наплатата на јавните приходи на Буџетот на Република Македонија и нивна распределба по корисници;
- следење на наплатата на приходите на единиците на локалната самоуправа и нивна распределба по корисници согласно со утврдени критериуми;
- водење на буџетско сметководство;
- евиденција на приходите и трошоците на Буџетот според утврдениот контен план;
- водење на сметководствена евиденција за девизните сметки;
- канализирање на пред-пристапните фондови на Европската Унија за Република Македонија;
- обезбедувањето цврста финансиска контрола, врз основа на екс-пост контрола, над реализацијата на финансиските договори склучени со институциите надлежни за проектите финансирани од ЕУ.
Клучни контакти:
Раководителот на сектор
Мимоза Манева Пупулиева
телефон: 02/3106-359
е-пошта: mimoza.populieva<at>finance.gov.mk
Анета Лазаревска
телефон: 02/3106-106
е-пошта: aneta.lazarevska<at>finance.gov.mk
телефон:
032/386-461