Сектор за управување со јавен долг
Секторот за управување со јавен долг ги врши работите што се однесуваат на управувањето со постоечкото должничко портфолио; поефективно финансирање на потребата за задолжување; задолжување на домашните и на меѓународните пазари преку преговори и склучување на кредити и издавање на гаранции поврзани со проекти на меѓународни финансиски институции; активности на процесирање и порамнување на трансакциите, како и административните функции; извршувањето на клучната функција на контрола при управувањето со должничкото портфолио; преземање на активности и мерки поврзани со навремено сервисирање на јавниот долг по обврските кои се исплаќаат од сметката на Буџетот на Република Северна Македонија, раздел функции на држава; доставување на насоки до Сектор трезор за навремено извршување на плаќањата поврзани со домашниот јавен долг или гаранции; развивање на политика и стратегија за управување со јавниот долг земајќи ги во предвид ризиците и трошоците; следењето на имплементацијата на портфолиото во споредба со таргетите и одржувањето на механизмите за мониторинг и контрола на ризиците; подготовка и развивање на стратегија за управување со долгот и готовината и други работи во врска со управувањето со јавен долг.
Клучни контакти:
Помошник раководител на Секторот од областа на управувањето со јавниот долг
Сања Манасијевиќ Манчева
телефон: 02/3255-430
е-пошта: sanja.manasijevic-manceva@finance.gov.mk
Помошник раководител на секторот од областа на управувањето со јавниот долг
Рената Давиткова Панчева
телефон: 02/3255-426
е-пошта: renata.davitkova-panceva@finance.gov.mk
Раководител на одделение за задолжување
Миодраг Богдановиќ
телефон: 02/3255-427
е-пошта: miodrag.bogdanovic@finance.gov.mk
Раководител на одделение за политика на управување со јавниот долг и анализа на ризиците
Загорка Јовановска
телефон: 02/3255-777
е-пошта: zagorka.jovanovska@finance.gov.mk
Раководител на одделение за издавање на согласности за задолжување на носители на јавен долг
Билјана Марковиќ Крушаровска
телефон: 02/3255-423
е-пошта: biljana.krusarovska@finance.gov.mk