Вести|

18 ноември 2019, Скопје – Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој од 29 ноември до 1 декември ќе организира ФинХакатон2 чија цел е изготвување на иновативна маркетинг стратегија за новата наградна игра “МојДДВ, #МојаНаграда”. 

„ФинХакатон 2“:МојДДВ,#МојаНаграда е наменет за маркетинг агенции и други домашни компании регистрирани согласно законот за трговски друштва, кои може да понудат иновативна маркетинг стратегија. Со цел поддршка на младите, заинтересирани компаниите во својот тим ќе биде потребно да вклучат и студенти со најмалку запишани студии од областа на економија, право, организациски студии, дизајн, односи со јавност или сродни студии.

Оваа вест е достапна и на: English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *