Вести|

14 октомври 2020, Скопје – Министерот за финансии, Фатмир Бесими оствари официјална средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски. На средбата се дискутираше за сите предизвици со кои се соочуваме на економски план во услови на глобална пандемија.

– Реализацијата на инфраструктурните проекти, како и континуираното спроведување на мерките што се преземаат во насока на поддршка на одржлив и инклузивен раст, се клучни во услови кога се соочуваме со најголемата економска криза досега предизвикана од коронавирусот, истакна министерот. Притоа тoј нагласи дека мора да има приоритизација на проектите што се клучни за развој на државата, а министерствата коишто се имплементатори на капиталните проекти реализацијата да ја планираат на квартално наместо на годишно ниво како досега, што е дел од стратегијата за среднорочно планирање на Буџетот.

Бесими на средбата воедно го информираше претседателот Пендаровски за ребалансот на Буџетот и за четвртиот пакет антикризни мерки за поддршка на приватниот сектор и граѓаните, како дел од политиките што ги презема Владата за справување со здравствено – економската криза.

Comments are closed.