Вести|

15 октомври 2020, Скопје – Пандемијата предизвикана од ковид-19 доведе до најголемата економска криза што се случила од Големата депресија наваму, поголема и од Светската економска криза од 2009 година, и затоа кај сите земји во светот се проширува дефицитот за да се поттикне економската активност, додека проекциите за економските резултати се негативни, посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими на општата расправа за ребалансот, на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Министерот за финансии посочи дека во однос на економскиот раст за првите два квартала резултатот на земјава е -6,4%. Во регионот Грција има пад од -8,5%, Словенија од -7,9%, Хрватска од -7,8%, Албанија од -6,3%, Бугарија од -4,2%, додека ако се земат предвид и европските земји падот на БДП во првото полугодие во Европската Унија изнесува – 6,4%, додека во Германија е -6,5%, во Хрватска -7,8%, во Словенија -7,9%, во Белгија -8,5%, во Австрија -8,9%, во Италија и Франција -12,1%, во Велика Британија -12,3% согласно Евростат.

Во однос на буџетскиот дефицит, тој е проширен кај најголем број од светските економии со цел да се финансираат здравствените и економските мерки за надминување на оваа криза. Така на пример, Норвешка, земја којашто традиционално има висок буџетски суфицит, просечно од над 7,6% од БДП  во последните 10 години, годинава проектира буџетски дефицит. И земјите во регионот проектираат високи буџетски дефицит: Црна Гора -10,4% од БДП, Албанија -8,4%, Србија -8,1%, Хрватска -8,1%, Косово -7%.

Бесими посочува дека опфатот на ковид-кризата во однос на светската финансиска криза од 2009 година и на должничката криза од 2012 година е значително повисок во однос на погодените економии, како и од  импактот на кризата.

Comments are closed.