Вести|

10 ноември 2020, Скопје – „Поддршка на здравството и економското заздравување од кризата предизвикана од ковид -19 се главните приоритети за наредната година. Воедно ќе се спроведат реформи во јавните финансии што ќе поддржат забрзан економски раст на среден и долг рок“, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими на средба одржана по повод подготовката на Буџетот за 2021 година со меѓународните институции, а на која учествуваа делегации од ЕУ, ММФ и Светска банка, а истото го нагласи и на експертската средба што се одржа исто така по тој повод.

„Целокупниот процес на реформи во јавните финансии ќе значи воведување на концептот на SMART Finance (СМАРТ финансии – стратешки, одржливи, одговорни, реформски и транспарентни), односно јавни финансии што ќе поддржат забрзан економски раст на среден и долг рок, во рамки на фискална одржливост и макроекономска и финансиска стабилност“ – потенцира министерот.

„Понатаму“, додава тој, „клучните темели на кои ќе биде поставен Буџетот за 2021 година ќе бидат забрзан, инклузивен и одржлив економски раст којшто ќе се темели на владеењето на правото и подигнување на капацитетот на институциите, реализација на инфраструктурни проекти што придонесуваат во растот, како и спроведување мерки и политики за развој на човечкиот капитал и за подобрување на конкурентноста на компаниите“.

Comments are closed.