Вести|

24 февруари 2021, Брисел – Министерот за финансии, Фатмир Бесими од денеска до четврток е во работна посета на Брисел, во рамки на која ќе оствари средби со комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи, со комесарот за економија, Паоло Џентилони, комесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан и со заменик-генералниот директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, Мачеј Поповски.

Во текот на посетата ќе се дискутира за планот за економски раст, за економските реформи, како и за економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, а во чии рамки e и РС Македонија.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *