Вести|

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, во рамките на работната посета на Луксембург, денеска оствари средба со премиерот на оваа земја, Ксавиер Бетел.

На средбата со Бетел, премиерот Заев истакна дека Луксембург, како еден од најгласните застапници на проширувањето на ЕУ, е близок партнер на Северна Македонија и значаен глас за нашата земја во Европската комисија за старт на преговорите за членство во ЕУ.

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Заев го оцени ставот на Луксембург во врска со бугарското вето, како прашање за коешто не може да се разговара бидејќи идентитетските прашања произлегуваат од правото на самоопределување, како принципиелен.

На средбата, премиерот Бетел истакна дека после сите храбри одлуки што ги донесоа премиерот Заев и Северна Македонија, земјата го заслужува своето место во ЕУ, и  го покани премиерот останатиот дел од темите од интерес за двете земји, како што се поттикнувањето на вкупната економска соработка меѓу двете земји и можностите за директни странски инвестиции на компании од Луксембург во Северна Македонија, да ги разговараат за време на прошетката низ градот.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *