Вести|

20 август 2021, Скопје – Министерот за финансии, Фатмир Бесими оствари средба со Никола Бертолини и со Штефен Худолин, кој треба да ја преземе функцијата шеф на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија. Министерот за финансии му се заблагодари на Бертолини за досегашниот ангажман, а на Худолин му посака успех во вршењето на функцијата.

На состанокот се разговараше за приоритетните активности во делот на управувањето со јавните финансии како и за статусот на реализација на тековните проекти финансирани од фондовите на ЕУ. Министерот Бесими истакна дека Министерството за финансии започнува со подготовка на нова Програма за реформи во управувањето со јавни финансии за следниот период започнувајќи од 2022 година. Притоа, процената на јавните расходи и финансиската отчетност од страна на СБ и ММФ ќе биде основа за утврдување на идните реформски приоритети во управувањето со јавните финансии. Процената е финансирана од ЕУ, СЕКО и СБ.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *