Вести|

22 февруари 2022, Брисел – Зелената транзиција, енергетската ефикасност, зајакнувањето на човечкиот капитал како главни приоритети во следната тригодишна Програма на економски реформи, како и инвестициите поддржани со Интервентниот инвестициски план и можноста за нивно финансирање со поддршка од ЕУ, беа темите на коишто министерот за финансии, Фатмир Бесими дискутираше со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан во Брисел.

На состанокот, министерот истакна дека Програмата на економски реформи е испратена до Европската комисија и оти приоритетите и мерките вклучени во неа се во линија со приоритетите и препораките на ЕК за земјата.

„Поддршката што ја добиваме од ЕУ ќе ни помогне во побрзото опоравување од пандемијата што остави последици од невидени размери во сите економи во светот. Притоа, инвестициските грантови ќе помогнат при реализацијата на Интервентниот инвестициски план“, истакна министерот Бесими.

Притоа, тој потенцира дека за да се искористат бенефитите од инвестициите поддржани со Интервентниот инвестициски план (ИИП) и за да може да се испорача одржлив економски раст, потребно е да ги имплементираме реформите што се заеднички договорени во рамки на економскиот и финансискиот дијалог со ЕУ, а истите се дел од Програмата на економски реформи. Уште повеќе, Програмата на економски реформи треба да биде насока за одлуките за инвестиции опфатени со ИИП, како и за внимателно планирање и приоритизација на ресурсите.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *