Вести|

Министерството за финансии на Република Северна Македонија ја известува заинтересираната јавност дека планира да го реализира проектот „Градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии во Северна Македонија“. Финансирањето на овој проект се планира да се обезбеди со средства од Светска банка со кофинансирање од ЕУ. Согласно барањата што произлегуваат од проектот во врска со делот на заштитата на животната средина и социјалните аспекти, уште во раната фаза на подготовка на проектниот документ и процесот на одобрување, ќе се одржи јавна консултација со засегнатите страни за следните документи:

 

Наведените документи на македонски, англиски и албански јазик се достапни на увид во просториите на Министерството за финансии.

Јавната консултација за горенаведените документи за наведениот проект, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, ќе се одржи во просториите на Министерството за финансии, на 21.10.2022 година (петок) со почеток во 10:00 часот. Ве молиме да го најавите Вашето учество на долунаведената електронска адреса.

 

Забелешки и/или коментари по однос на документите може да се достават на самата јавна консултација и/или во писмена форма, најдоцна до 21.10.2022 година, на следната адреса:

Министерство за финансии

ул. „Даме Груев“ бр. 12, 1000 Скопје, РС Македонија

Лица за контакт:

Sulejman Qazimi

Тел.. 3 255 337

е-mail: sulejman.qazimi@finance.gov.mk

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *