Вести|

15 ноември 2022, Скопје – Министерството за финансии заедно со Светска банка работи на воспоставување Интегриран информациски систем за управување со финансии – ИФМИС. Системот ИФМИС е дел од реформата во јавните финансии, со кој ќе се дигитализираат процесите и ќе се осовремени системот на јавни финансии. За реализација на овој проект денеска во Собранието беше усвоен Предлог на Закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, по скратена постапка.

„Подобрување на управувањето со јавните финансии и зајакнување на среднорочното буџетско планирање се едни од најважните приоритети на Министерството за финансии и Владата на РС Македонија. Со ИФМИС ќе се подобри ефикасноста и транспарентноста во управувањето со јавните финансии, што ќе се постигне преку поврзување на постоечките фрагментирани и неповрзани системи на една централизирана дигитална платформа. Тој претставува имплементирање напредни технологии во работењето за што се залага Владата“, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Системот ИФМИС е предуслов за воспоставување современ и модерен начин на управување со јавните финансии, кој пак бара високо ниво на дигитализирани процеси. Тој ќе ги опфати, меѓу другото, буџетското планирање, извршувањето на Буџетот (вклучувајќи ги сите расходи, приходи и операции на единствената трезорска сметка); управувањето со долгот; поврзувањето со други системи за автоматска размена на податоци во Владата; веб-портал за обезбедување сигурен пристап на сите овластени буџетски корисници и други овластени јавни субјекти.

Воспоставувањето на ИФМИС е регулирано и произлегува од новиот Закон за буџети, кој претставува значајна реформа во јавните финансии и кој ги поставува фискалните правила што стануваат конзистентни со оние на ЕУ и ја прават фискалната политики попредвидлива и поодговорна.

Проектот ќе се спроведува со финансиски средства во износ од 20 милиони евра од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и грант од 4,9 милиони евра. Проектот ќе се спроведува во период од 4 години.

Покрај воспоставувањето на овој систем, со Законот е предвидено да се имплементира нов Информациски систем за управување со државна помош и Информациски систем за управување со даночните приходи на Управата за јавни приходи.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *