Вести|

26 јануари 2023, Скопје – Вработувањата во државните и јавните институции треба да се реализираат врз основа на обезбедени средства за ново вработување и Планот за вработување на институцијата, а процесот треба да го менаџира раководното лице во таа институцијата. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во одговор на пратеничко прашање во Собранието.

„Станува збор за процес кој треба да се одвива врз основа на обезбедени финансиски средства со цел сите институции да  можат да функционираат, но раководните лица во тие институции треба да го имаат тоа предвид во текот на годината и да го менаџираат на начин да нема прекин во функционалноста на тие институции“, рече министерот и додаде дека доколку се обезбедени средства, што е еден од условите, и доколку тоа вработување е планирано во Планот за вработување, тогаш се дава позитивен одговор, односно се известува од страна на Министерството за финансии дека за бараните вработувања се обезбедени средства. На тој начин, посочи министерот, се обезбедува фискална консолидација или одржливост на Буџетот.

Тој појасни дека во овој процес Министерството за финансии постапува согласно Законот за буџети и Законот за извршување на буџетот, а како ресор во процесот на давање согласност за Планот за вработување, постапува откако ќе има согласност од Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за политички систем.

„Министерството за финансии  нема ингеренции, надлежност, ниту капацитет да даде согласност за поединечни работни места, односно поединечни вработувања. Тоа е одговорност на самите институции и раководните лица во тие институции како ќе ги спроведат тие постапки. Но Министерството за финансии во тој случај дава известување дали институцијата има  обезбедени финансиски средства во буџетот за тоа работно место и дали е во согласност со Планот за вработување“, посочи министерот Бесими.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *