Вести|

11 февруари 2023, Скопје – Стратегијата што ја применивме при издавањето на деветтата еврообврзница беше со цел да обезбедиме средства само за покривање на еврообврзницата издадена во 2016 година и обврските што доспеваат за отплата на долгови во 2023 година и тоа да биде со понизок трошок за Буџетот и за граѓаните, со оглед на фактот дека се издаде еврообврзница со рок на доспевање од четири наместо седум години, колку што е рокот на таа што доспева. Тоа беше нашата определба за прудентно и одговорно водење на финансиите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Одлуката да обезбедиме 600 милиони евра со издавање еврообврзница, наместо максималниот износ што беше утврден со одлуката на Владата, произлегува од нашата определба финансиите да ги водиме прудентно и одговорно и воедно трошокот за граѓаните да биде помал. Направивме успешна трансакција. Успеавме да обезбедиме купон од 6,25%“, рече министерот Бесими во интервјуто за „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Средствата обезбедени од еврообврзницата се за отплата на долгови и на еврообврзница коишто доспеваат во текот на 2023 година. За покривање на дефицитот, додаде, ќе се обезбедат околу 157 милиони евра преку Инструментот на ММФ, 72 милиони евра грант од Европската комисија, 100 милиони евра макрофинансиска поддршка од ЕУ, а дополнително ќе се обезбедат и средства од други поволни кредитни линии, како од ЕБОР, ЕИБ, Светска банка за реализација на проекти. Придонес кон тоа ќе дадат и даночните реформи, како и новиот Данок за солидарност, којшто не е предвиден во Буџетот, но ќе придонесе да се намали дефицитот и потребата за задолжување.

За платите на вработените во целата администрацијата, посочи, ќе се бара системско решение по примерот на минималната плата и пензиите и на такво решение веќе се работи. „Целта е да има решение коешто ќе биде системско и одржливо, коешто ќе ги штити интегритетот и стандардот на вработените и ќе биде основа за професионалност на администрацијата“, рече министерот Бесими.

Оваа вест е достапна и на: English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *