6 март 2023, Скопје – Денеска се одржува аукцијата за деветтата еврообврзница. Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес од страна на инвеститорите се очекува успешна аукција.
Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување најоптимално должничко портфолио според трошоци и рочност.
Во насока на транспаретноста и отчетноста, Министерството за финансии ќе извести за условите веднаш по завршувањето на аукцијата, додека пред нејзиното затворање укажуваме на ценовната чувствителност на информациите и објавите.