Вести|

13 јуни 2023, Скопје – Владата се залага за зголемување на сите плати во државата, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните. Поткрепа на ова е континуираниот раст на платите во јавниот и приватниот сектор и покрај неколкуте напоредни глобални економски кризи со кои се соочивме во изминатите три години.

Во однос на барањето на дел од даночните работници за раст на платите, истакнуваме дека Владата се залага за систем за раст на платите во целиот јавен сектор. Преку Економско-социјалниот совет, заедно со социјалните партнери, веќе се работи на утврдување систем за плати на сите вработени во јавниот сектор. Во подговка е и нов Закон за  плати на вработените во јавниот сектор и нов Општ колективен договор за јавниот сектор, кој во иднина ќе овозможи континуиран раст на платите. Во услови кога се очекува воспоставување на оваова системско решение, а за кое веќе се водат разговори во Економско-социјалниот совет, секое поединечно решение, пред финализирањето на овие два акта, ќе го наруши воспоставувањето на таквиот систем и постигнувањето на крајната цел. Целта на Владата е да се воспостави изедначено системско решение кое ќе биде фискално одржливо на долг рок и притоа соодветно ќе го валоризира трудот на работниците. Очекуваме дека преговорите во ЕСС ќе продолжат со цел брзо изнаоѓање одржливо решение прифатливо за сите страни.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *