Вести|

21 јуни 2023 – Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Министерството за финансии на Република Северна Македонија и Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Северна Македонија, организира научна конференција на тема:

 ЗАБРЗУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ: КЛУЧНИ ПРЕДИЗВИЦИ И ПРИОРИТЕТИ

Конференцијата ќе се одржи на 22 јуни 2023 година, со почеток во 10 часот во просториите на МАНУ.

 

На Конференцијата ќе се дебатираат клучни прашања поврзани со процесот на интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, во три области: право, економија (вклучувајќи и енергетска трансформација и животна средина) и политика. На конференцијата ќе земат учество еминентни научни работници од академската заедница на земјата (академици, професори од државните и приватните универзитети, од научните институти и од други домашни научни и стручни институции),  дел од владините експерти кои активно ќе партиципираат во преговорите со ЕУ и др. Акцентот на трудовите на Конференцијата ќе биде на предизвиците, предностите, ризиците и компаративните искуства поврзани со зачленувањето на нашата земја во Европската Унија. Трудовите ќе содржат препораки за креаторите на политиките во контекст на европските интеграции.

 

Агендата за Конференцијата можете да ја погледнете тука, како и на веб страниците на остнатите институции организатори:

АГЕНДА МАНУ МФ СЕП 20.06.2023 фин

www.manu.edu.mk

www.sep.gov.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *