Вести|

22 јуни 2023, Скопје – Како теоријата, така и досегашната практика на земјите од Централна и Источна Европа, покажаа дека евроинтеграциите се катализатор на економскиот развој, односно подобрување на сите економски параметри – БДП по глава на жител, странски и домашни инвестиции, трговија, животен стандард итн. Единствениот европски пазар од половина милијарда граѓани, пристапот до заедничките фондови и заедничките стратегии по однос на клучните прашања се главните придобивки од членството, коишто ќе придонесат за побрза конвергенција на нашата земја кон развиените пазари. Науката може и дава значаен придонес во приближувањето до европските стандарди, порача министерот за финансии, Фатмир Бесими на Научната конференција во организација на МАНУ, Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања.

Нашата определба секогаш била јасна и никогаш немало двоумење дека таа е евроатлантска и дека стратешкото партнерство со ЕУ и со САД е основа за стабилен и одржлив развој на нашата земја, како демократски, така и економски, порача во оваа прилика министерот за финансии.

Тој истакна и дека научните конференции се одлична можност да се искористат научните пристапи и препораки за да се забрза процесот, а воедно и да се постават позиции коишто ќе бидат од корист во постигнувањето на евроинтегративните цели.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *