Твининиг проектот „Зајакнување на функциите на буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола“ е заеднички проект помеѓу администрацијата корисник – Министерство за финансии на Северна Македонија и Холандија, Хрватска, Бугарија и Латвија, претставени од Националната академија за финансии и економија при Министерството за финансии на Холандија.
За реализација на Проектот е потребен јазичен асистент на резидентниот твининиг советник (јазичен асистент на РТС) за наредните 5 месеци, со почеток на агажманот на 1 октомври 2023 г. (со можност за продолжување). Јазичниот асистент на РТС ќе биде вработен со полно работно време во канцеларијата на РТС во Скопје.Огласот можете да го најдете на линкот во продолжение: