Вести|

21 септември 2023, Скопје – Министерот за финансии Фатмир Бесими се сретна со амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер. На средбата стана збор за актуелните политикички и економски случувања во земјата, напорите што се вложуваат за имплементација на реформите во управувањето со јавните финасии, како и за борбата со корупцијата.

„РС Македонија се наоѓа во значајна фаза кога треба да ја покаже зрелоста и да продолжи по патот за полноправно членство во ЕУ. Преговорите со ЕУ се отворени и треба да ја искористиме секоја можност тој пат да го изодиме чекор по чекор што поскоро, зашто бенефитите од членството во ЕУ се многубројни, како за државата така и за граѓаните. Во остварувањето на оваа цел значајна поддршка имаме од нашиот долгогодишен партнер и поддржувач – САД, особено преку поддршката што ни ја даваат во реформите што ги спроведуваме“, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека во Владата и во Министерството за финансии посветено се работи на обезбедување фискална одржливост, стабилни јавни финансии и долгорочен раст.

Истакна и истовремено се заблагодари на САД за безрезервната поддршка што ја даваат на земјава во нејзинот развој и особено за поддршката од Трезорот на САД чии експерти се веќе во Министерството за финансии со цел зајакнување на капацитетите на секторот Трезор.

„Континуирано работиме на јакнење на сопствените капацитети со цел да придонесеме  кон унапредување во упраувањето на јавните финансии. Минатата година за таа цел го донесовме и новиот Закон за буџети којшто претставува најголема реформа во јавните финансии од осамостојувањето на државата и кој поставува правила во согласност со европските стандарди“, заклучи министерот Бесими.

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *