Вести|

Врз основа на Одлуката за објавување Конкурс за учениците од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври и одобрување средства O бр. 24-32350/1 од 29 септември 202година, Народната банка на Република Северна Македонија и Министерството за финансии на Република Северна Македонија објавуваат

К О Н К У Р С
за учениците од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври

Тема и услови на Конкурсот за учениците од основното образование 

Учениците од основното образование може да испратат литературна и/или ликовна творба на темата:

„Штедам паметно – живеам подобро: Инвестирам вo својата иднина“

За избраните најдобри творби на учениците од основното образование ќе им бидат доделени вкупно дванаесет награди, и тоа:

– три награди за најдобра литературна творба ‒ песна, за учениците од 1. до 5. одделение;

– три награди за најдобра ликовна творба ‒ цртеж/дигитален цртеж, за учениците од 1. до 5. одделение;

– три награди за најдобра литературна творба – расказ, за учениците од 6. до 9. одделение;

– три награди за најдобра ликовна творба – цртеж/дигитален цртеж, за учениците од 6. до 9. одделение.

На наградените учениците од основното образование ќе им биде доделена парична награда во износ од по 3.000,00 денари, со исплата на паричната награда на трансакциска сметка во банка во Република Северна Македонија, по нивен избор.

Крајниот рок за доставување на творбите е 20 октомври 2023 година. 

Тема и услови на Конкурсот за учениците од средно образование

Учениците од средното образование може да учествуваат на Конкурсот со испраќање литературна творба ‒ есеј на тема:

„Штедењето – чекор кон финансиска независност“

Есејот треба да има најмногу 1.500 зборови и да содржи личен поглед кон темата, со осврт на некои од следниве прашања: улогата на штедењето во економијата, значењето на штедењето за иднината, ставот кон штедењето на младата популација, семејните навики и штедењето, познавањата на младите за штедењето во финансиските институции, управувањето со личните финансии, предизвиците за користење на финансиските услуги во современото дигитално време, информираноста за финансиите во дигиталната ера, ставот на младите во однос на потребите за финансиска едукација, пристапот до дигитална финансиска едукација и други аспекти.

За избраните три најдобри творби на учениците од средното образование ќе им биде доделена парична награда во износ од по 6.000,00 денари, со исплата на паричната награда на трансакциска сметка во банка во Република Северна Македонија, по нивен избор.

Крајниот рок за доставување на творбите е 20 октомври 2023 година. 

Заеднички услови коишто важат за учениците од основното и средното образование:

Со цел да се заштити работата на учениците, Ве молиме потпишете ги Вашите творби, со тоа што задолжително треба да се наведат следниве информации:

– Име и презиме на ученикот;
– Назив на училиштето каде што ученикот посетува настава (одделение/година/општина/село/град);
– Име и презиме на родителот/старателот со адреса на живеење; и
– Телефон за контакт на родителот/старателот/наставникот/професорот.

Начин на доставување на творбите:

Сите творби (цртеж, песна, расказ и есеј) може да се достават директно во Архивата на Народната банка или преку пошта. Литературните творби (песна, расказ и есеј), како и ликовната творба (исклучиво цртеж изработен на дигитален уред) може да се достават по електронски пат на следнава електронска адреса: tvorbi@nbrm.mk

Адреса за доставување преку пошта, со назнака:

„За Конкурсот по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври“
Народна банка на Република Северна Македонија
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, 1000 Скопје

Пристигнатите творби ќе ги разгледуваат и ќе ги оценуваат жири-комисии формирани од претставници на Народната банка на Република Северна Македонија и Министерството за финансии на Република Северна Македонија, а за разгледувањето на литературните творби на учениците од основното образование се ангажира и надворешен соработник од оваа област.

Пристигнатите творби не се враќаат.

Списокот на наградените ученици ќе биде објавен најдоцна до 31 октомври 2023 година, на интернет-страниците на Народната банка https://www.nbrm.mk/ и на Министерството за финансии https://finance.gov.mk/

За подетални информации може да ни се обратите преку електронската пошта на Народната банка: tvorbi@nbrm.mk  и електронската пошта на Министерството за финансии: finance@finance.gov.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *