29 јануари 2024, Скопје – Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска одржа состанок со заменик-министерот за финансии Филип Николоски и новата дополнителна заменик-министерка за финансии Елена Петрова, на која ѝ посака добредојде и успех во работата.
Ова е прв состанок по конституирањето на новата техничка влада, кој помина во конструктивна атмосфера и на кој стана збор за процесите што се одвиваат во Министерството за финансии и за идните планови.
Составот на новата техничка влада, која ќе ја предводи земјата до изборите закажани за 8 мај, беше изгласан вчера од Собранието на РС Македонија, а во која согласно законските прописи во Министерството за финансии се назначува дополнителен заменик-министер.