27 јуни 2024, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за БИРН открива за што ќе се троши најавената една милијарда евра, за продолжување на проектот МојДДВ, како и за буџетската политика што ќе се спроведува.
„ Дел од средствата ќе бидат наменети за приватниот сектор, односно 250 милиони евра од тие пари Развојната банка ќе ги пласира преку комерцијалните банки во приватниот сектор. Притоа и приватниот сектор ќе има одредени обврски доколку ги користи овие средства, како на пример, раст на количинското производство итн. Целта е приватниот сектор да добие кредити со поволни услови. Останатите 750 милиони евра ќе се користат за финансирање на капитални проекти. Меѓу, капиталните проекти се патот Кичево – Охрид и автопатите што ги гради „Бехтел и Енка“, потребите на АРМ согласно барањата на НАТО, проектите на општините и дигитализацијата“, вели министерката за финансии.
За тоа зошто е одлучено за задолжување преку договор со влада од друга држава, а не преку меѓународниот финансиски пазар, министерката вели затоа што добивме поволни услови, особено ниски камати за денешно време кога каматите се доста високи.
Во однос на буџетските политики што ќе се спроведуваат, Димитриеска-Кочоска, истакнува дека приходанта страна на буџетот ќе расте како резултат на добри остварувања во економијата и борбата со сивата економијата. На расходната страна, додава, се што е непродуктивно треба да се скрати, а сериозно ќе се вложува во капитални проекти кои ќе носат бенефит на граѓаните.
„Ќе застанеме на патот на криминалот и корупцијата и од тоа исто така очекувам сериозни заштеди“, порачува министерката за финансии.