Вести|

30 јуни 2024, Скопје – Во Владата одржавме состанок со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински, на кој го утврдивме начинот на распределба на средствата за општините.

„Обезбедивме 100 милиони евра за инфраструктурен развој само за 2024 година, како и дополнителни 250 милиони евра за следната 2025 година. Веднаш по ребалансот и одлуката на Владата кон крајот на идниот месец, општините ќе можат да аплицираат за овие средства наменети за капитални инвестиции“, објави министерката на својот профил на Фејсбук.

Средствата се наменети за капитални проекти како училишта, градинки, водоводни и канализациски системи, патна инфраструктура и сл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *